![]() |
| Св. Теодор Комоговински |
ПЛАМЕН ОД ДЕСНАТА ДЛАНКА
Додека одев помеѓу црното и црното,
И низ сите тие бои, нијанси меѓу нив,
Прозорецот гледаше кон тисовата шума
Од каде што ветерот се спушташе на балдахините,
И црвен пламен од левата дланка
Со која беше заокружена и десната рака;
Како кога низ небото ќе светне
Честичка од новиот ден;
И мрежеста пајажина налик на тишина.
Помеѓу виолетовата и виолетовата светлина,
Додека одев меѓу реката и реката,
Над секоја од нив стоеја орнаменти
Отпечатоци на поранешни животи
И вистински животи бивши,
Претворени во тага и црна водна горчина...
И розовата линија на текот,
И се меша во длабоката сенка со сликата на новиот копнеж.
Станува само заматен отсјај
Од кој негорливата рака
Лизга низ човечкиот видик
И неговиот румен сјај...
И оваа есен ќе ме дочека во туѓина
Есен грозно маслинова
Есен во мене
Што сум ако сум во туѓина
Што сум ако сум сенка
Ако сум си сам себеси доволен.
Ниту оваа есен нема да ме привлечат облаците
Пурпурни
Ниту зрелите лозја
Есен е грозно маслинова
Есен во мене
И нема повторно да се родам
Ако се вратам од калта и тескобата.
И оваа есен ќе ме дочека во туѓина
Под сводот мермерно сив
Есен без мирис и есенска светлина
Есен грозно маслинова.
ИКОНА
Утрово во прозорецот е ведро
и огнот извира од челото на сонцето,
па не знам каде се измешале прстите со книгите
во кои што се зборува за слободата,
во коишто се тврди за мудроста
а нашето слово е ситна рана на бедрото,
а нашите зборови се зрнца крв,
и ситници, и рани, и огледала на прозорецот
пред кои што не тргнуваме од сонцето,
туку од земјата
и семето,
од нашите ситни слики помеѓу далечината и окото,
од сликите помеѓу сенката и образот,
од поединечноста што е целина во искуството.
Од каде тогаш ведрината во окото?
Чие е тоа простување во светлината
што ја гледаме налик на нас,
насочени на сеќавањето и верноста.
КАДЕ НИ Е ТОА СЕМЕ
Како да се разликува семе од семе.
’Рж од јачмен, хељда од просо?
И цветовите како да се разликуваат?
Низ земјата, во длабочината на времето,
Каде што самиот никулец се бори,
Каде што самиот се збива и набабрува,
Додека не
се спровне меѓу ѕвездите
Каде што ќе застане,
Како по секое породување,
Како што застанува крвта па зоврива
Во чист сјај,
На косите ридови, во средината на голата постела,
Таму каде што беше тежината на слободата,
Што ја закрила проѕирното небо.
ОКУЧАНИ. МОСТ. ГРАДИШКА
Минува покрај нас, крајот на краиштата;
Од едната страна разбегана војска,
А на другата страна на мостот,
Чекор преку Сава,
Инок Кир-Амфилохиј,
Со грутчиња детски мозок
Во згрутчената десница.
Онака како што собираше покрај Бистрица,
Сега по градишките циглишта
Прибира крвави влакна
Од косата на девојчето од Окучани.
На искршениот бунар
Се сушат месарски алати.
Сискајќи наговестувања на мирис,
Пред она црвеното

Нема коментара:
Постави коментар